Украинските сепаратисти се согласија да ги одложат локалните избори за 2016

Од:

Самопрогласените Доњецка и Луганска народна република во Источна Украина се согласија закажаните избори за 18 октомври и 1 ноември да се одложат за 21 февруари идната година, но настојуваа Киев да ги исполни сите договори од Минск, јави ТАСС.

Агенцијата се повикува на изјави на претставници на ДНР и ЛНР во Контакт групата за уредување на кризата во Донбас, Денис Пушилин и Владислав Дејнего.

Пушилин и Дејнего истакнуваат дека одлуката била донесена, откако биле проучени резултатите од париската средба на врвот на „нормандиската четворка“ (Русија, Германија, Франција и Украина) од 2 октомври.

– Во Минск денеска имавме консултации со претставници на ОБСЕ и на Русија. Добивме укажување од нашите лидери Александр Захарченко и Игот Плотницки, велат тие.

Двајцата истакнуваат дека во тој период Украина ќе биде задолжена да ги исполни сите ангажмани, кои ги презела согласно со минските договори – да додели на Донбас посебен статус, да не дозволува прогонување и казнување лица, кои учествувале во настаните на Доњецка и Луганска овласт, а исто така и да изгласа измени во уставот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми