Јункер: Ако Турција не е на списокот „безбедни држави“ ќе прекинат преговорите за членство во ЕУ

Од:

Ако Турција не биде на списокот „безбедни држави“ преговорите за членство во Европската унија под итно ќе бидат прекинати, изјави денеска во Европскиот парламент претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

неодамна ЕК предложи Турција и земјите од Западен Балкан да бидат оценети како безбедни. Тоа значи дека мигрантите кои пристигнале во ЕУ од безбедни држави можат да се вратат таму.

– Турција вложува големи напори за прифаќање на мигрантите и очигледно е дека имаме потреба да ги заштитиме надворешните граници, посочи Јункер.

Тој додаде дека „добриор одговор на проблемот со мигрантите не се состои во подигање на ѕидови, бидејќи бегалците секогаш ќе најдат пат кон Европа. Тие кои градат ѕидови треба да внимаваат како ги именуваат своите архитектонски творби“.

– Неверојатно е во 2015 година да се подигнуваат огради меѓу државите од ЕУ, тоа би бил крајот на Европа, ако сите така постапуваат, посочи Јункер.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека приемот на мигранти и чувањето на надворешните граници на ЕУ е заедничка одговорност.

– Станавме сведоци на бавно раѓање на нови форми на политички притисок, нова хибридна војна, во која миграциските бранови се користат како инструмент, како оружје. Да се заштитиме од крајностите – од антиимиграциските барања, како и од поканата сите да дојдат тука. Време е да сфатиме – милионии сакаат да дојдат во Европа, а недостигот од контрола на надворешните граници, покрај политиката на гостопримството е магнет, истакна Туск.

Тој додаде дека за време на неговите неодамнешни посети на Блискиот Исток бил убеден дека миграцискиот бран само ќе се интензивира ако сирискиот претседател Башар ал Асад остане на власт со операциите на Русија и на Иран.

– Европа без надворешни граници значи Европа без шенген. Европа без надворешни граници ќе биде расадник на страв и порано или подоцна причина за политичка катастрофа, посочи Туск.

Би можело да ве интересира

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени