Чижков: Целта на руската мисија во Сирија е отстранување на терористичката закана

Од:

Русија нема намера да формира своја база во Сирија, туку целта на нејзината воена мисија во земјата е отстранување на терористичката закана кон Блискиот Исток и кон целиот свет, изјави постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижков.

– Во споредба со присуството на други држави, руското воено присуство во регионт дури и не е толку импресивно. Не станува збор за создавање на некаков специјален мостобран. Ние и натаму ќе биде присутни на Блискиот Исток, како на дипломатски, така и на политички план, а ако е непходно и на воен, во согласност со меѓународнот право, изјави Чижков за Еуроњуз.

Како што јави ТАСС, тој нагласи дека не знае колку време ќе трае конфликот во Сирија и затоа не може да каже кога ќе завршат руските напади и кога руските сили конечно ќе ја напуштата земјата.

– Руското воено присуство во Сирија нема да биде потребно, кога ќе исчезне терористичката закана, кога ќе се воспостават мирот и стабилноста, порача Чижков.

Запрашан зошто Русија дури сега се вклучува активно во сирискиот конфликт, четири години по почетокот на војната, Чижков вели дека „дури сега состојбата станала опасна“ не само за СИрија, туку и за целиот регион.

– Руската армија не се меша во политичките настани во Сирија и не ја напаѓа, како што се тврди, сириската опозиција која се бори против (сирискиот претседател) Башар ел Асад. Русија ги напаѓа само ИД и другите терористички организации, како Фронтот Ал Нусра, исто како што прават и вооружените сили на другите држави, нагласи Чижков.

Би можело да ве интересира

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Русите: Ја презедовме контролата

ВИДЕО: Нападнат Виктор Орбан

„Ако Трамп изгуби, јас сум нае*ал“

Предраг Петровиќ

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“