Силен тајфун ги погоди Филипините и јужна Кина

Од:

Силниот тајфун „Муџиге“, проследен со јак ветер и поројни дождови денеска ги погодини Филипините и јужниот дел на Кина.

Како што јави ДПА, над 70 филипински рибари се водат како исчезнати при ударот на тајфунот во северозападниот дел на Филипините.

Во неколку пристаништа во тој дел на земјата не се вратиле најмалку 16 рибарски бродови, по кои е започната потрага, во која се вклучени припадници на пограничната патрола, армијата и полицијата.

Во исто време, како што јави ТАСС, во јужните делови на Кина е објавена опасност од највисок степан, поради ударот на тајфунот „Муџиге“.

Невремето најжестоко ги погоди крајбрежните провинции Гуангдунг и Хајнан, каде властите превентивно евакуираа неколку десетици илјади луѓе.

Според кинескиот Национален метеоролошки центар, на некои места наврнале дури 28 сантиметри дожд, но засега нема извештаи за жртви или предизвикани материјални штети. Поради невремето откажани се и повеќе летови од аеродормите во регинот, а не неколку места прекинат е и железничкиот сообраќај.

Во жариштето на тајфунот „Муџиге“ дуваат ветрови со брзина од 180 километри на час. Невремето се движи кон северозапад со брзина од околу 20 километри на час.

Меторолозите оценуваат дека со пристигнувањето до кинеското копно, тајфунот во следниве два дена ќе ослабне на ниво на бура.

Ова е 22-ри тајфун што ја погодува Кина годинава.

Би можело да ве интересира

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Русите: Ја презедовме контролата

ВИДЕО: Нападнат Виктор Орбан

„Ако Трамп изгуби, јас сум нае*ал“

Предраг Петровиќ

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“