Парламентарни избори во Португалија

Од:

По четири години на строги мерки на штедење, Португалците денеска гласаат на избори за нов состав на португалскиот Парламент.

Аналиитчарите проценуваат дека Португалците се соочуваат со дилемата дали да и дадат поддршка на досегашната владејачка коалиција предводена од демохристијанската Социјална демократска партија (ПСД), кој ветува продолжување на буџетската дисциплина, или да се решат за промените во таквата политика, што ги најавува опозициската Социјалистичка партија (ПС).

Последните анкети на јавното мислење покажуваат дека коалицијата на ПСД и конзервативната Народна партија ужива поддршка на меѓу 35,5 и 40,3 проценти од гласачите, додека социјалистите може да се надеваат на меѓу 31,8 и 36 отсто од гласовите.

Сепак исходот од гласањето останува неизвесен, бидејќи околу 20 отсто од избирачите до последните денови пред изборите се уште немаа решено кому ќе му го дадат својот глас.

Аналитичарите наведува дека е можно ниту владејачката коалиција, ниту социјалистите да не освојат мнозинство во Парламентот, па земјата да се соочи со политичка криза.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Португалија

Емир Латифовиќ

Поранешниот португалски премиер Сократиш одбива да биде префрлен во домашен притвор

Емир Латифовиќ

Четворица повредени при железничка несреќа во Португалија

Ана Ололовска

Португалија со најмногу жени милионери

Емир Латифовиќ

Гаспар: Ниту евро не смее да се потроши без мое знаење

Емир Латифовиќ