Во Париз почна средбата на т.н. Нормандска четворка со учество на рускиот претседател Владимир Путин, германскиот канцелар Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и украинскиот претседател Петро Порошенко.
На средбата ќе се зборува за начините на кои би бил ставен крај на конфликтот во источна Украина.
– Гарантирам дека нема да ја поминеме тука целата ноќ, изјави Оланд. На претходната средба во Минск во февруари преговорите траеја 17 часа. Првата средба беше на 6 јуни 2014 година во француската област Нормандија.