Шкотланѓанец ја помеша вратата на тоалетот со вратата од авионот, доби забрана за летање

Од:

Дека безбедноста на авионот не познава шеги, Џејмс Грејс го научи тоа на потешкиот начин.

Овој Шкотланѓанец доби забрана за летање од пет години и казна од 600 евра од холандската компанија КЛМ, затоа што во текот на летот на релација Единбург-Амстердам ја помеша вратата на тоалетот со вратата на авионот, кога леталото било на висина од речиси 10.000 метри.

Веднаш откако авионот слета на аеродормот Шипхол, збунетиот патник го дочека полиција која го однесе во затвор каде ја поминал ноќта.

– Се обидов да им објаснам дека станува збор за недоразбирање, но дојде полицијата и ме уапси. Не се однесуваа ни малку пријателски, раскажа Греј за лондоноски „Телеграф“.

Тој тврди дека ни на памет не му паднало да ја отвори вратата на авионот и дека само се збунил, но никој не сакал да го слуша.

– Свесен сум за тоа колку тоа може да биде опасно, рече тој, додавајќи дека за враќање дома морал да позајми пари од пријателите и да лета со друга компанија.

Компнијата КЛМ издаде кусо соопштение во кое се наведува дека еден од патниците е предаден на властите заради „лошто однесување“ во текот на летот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нападнат Виктор Орбан

„Ако Трамп изгуби, јас сум нае*ал“

Предраг Петровиќ

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ