Романскиот премиер Виктор Понта останува на чело на Владата, откако опозицијата на денешното гласање во Парламентот не обезбеди доволно гласови за негова смена, изјавија извори од двете партии.
Сите три партии од владејачката коалиција на Понта се воздржаа од гласање, па главната опозициска партија „Либерална партија“ не можела да ги обезбеди неопходните 275 гласови, за изгласување недоверба на Владата.
Понта е првиот актуелен романски премиер на кој ќе му се суди за корупција.
Понта е обвинет за затајување данок, перење пари, судир на интереси и давање лажни изјави додека работел како адвокат во 2007 и 2008 година. Тој ги отфрлува сите обвиненија.