Најмалку 21 лице убиени во напад врз христијански кварт во ЦАР

Од:

Најмалку 21 лице загина во Бангуи, главниот град на Централноафриканската република (ЦАР), а околу сто се повредени, кога исламски екстремисти извршија синоќа напад врз кварт каде што живеат претежно христијани, изјавија очевидци и медицински извори.

Ова е најсмртоносното насилство оваа година во градот, кој го чуваат мировници на ОН и француски војници.

Насилните судири во ЦАР избија пред две недели, откако бунтовници на муслиманската организација Селека ја презедоа власта во земјата, со мнозинско христијанско население.

Оттогаш се убиени над илјада луѓе, додека стотици илјади мораа да ги напуштат своите домови.

Би можело да ве интересира

Бунтовниците во ЦАР убија најмалку седум луѓе

Ана Ололовска

Претседателски и парламентарни избори во ЦАР

Ана Ололовска

Најмалку 33 лица убиени во судири во главниот град на Централноафриканската Република

Ана Ололовска

Централноафриканската Република сака руска воена база на своја територија

Ана Ололовска

Јапонскиот цар Акихито ќе абдицира во корист на синот

Јапонија добива нов цар