Две непознати маскирани лица рано утрово околу 3:30 часот одзеле 10.000 денари од бензиската пумпа „Авиа Оил“ во село Скачковце, Кумановско.
Како што соопшти МВР, разбојништвото го сториле откако и се заканиле на вработената со огнено оружје по што го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.