Најитното прашање кое Европејците треба да го решат е враќање на контролата на надворешните граници на Унијата, изјави денеска претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, неколку часа пред европска самит посветен на миграциската криза.
– Прашањето што треба да си го поставиме вечерва, е како да ја вратиме контролата на надворешните граници. Инаку е бесмислено да се зборува за заедничка имиграциска политика, рече тој пред самитот на шефови на држави или влади од ЕУ во Брисел.