Во романскиот Врховен суд денеска почна судскиот процес против романскиот премиер Виктор Понта, кој е обвинет за корупција, прикривање даноци и перење пари, пренесоа американските медиуми.
Судот го почна предметот со разгледување на прашањето на законитоста на обвинението. Премиерот не мораше да присуствува на седницата на судот и тој воопшто не се појави во судската сала.
Понта, кој во неделата наполни 43 години, е првиот актуелен премиер, кој е обвинет, а неговиот имот е блокиран.
Тој негира дека ивршил злоупотреби и одбива да поднесе оставка.
Извршниот комитет на владеачката Социјалдемократска партија денеска му изрази поддршка на премиерот Виктор Понта.
– Политичката одлука на Социјалдемократската партија е дека ние ја поддржуваме оваа Влада, изјави Ливиу Драгна, привремен лидер на социјалдемократите по средбата на извршниот комитет.
Подоцна во текот на денешниот ден се очекува опозициската Националнолиберална партија да поднесе барање за гласање недоверба на Владата на Виктор Понта.