Земјотрес со интензитет од 6,2 степена според Рихтерова скала денеска е регистриран крај брегот на Чиле.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Епицентарот на потресот се наоѓал во морето, во близина на градот Валпараисо, на длабочина од 10 километри .
На 17 септември Чиле беше погоден од силен земјотрес со интензитет од 8,4 степени, при што загинаа 12 лица, а околу милион луѓе беа евакуирани.