Министрите за одбрана на САД и Русија телефонски разговараа за ситуацијата во Сирија

Од:

Министрите за одбрана на САД и Русија, Аштон Картер и Сергеј Шојгу денеска првпат разговараа по повеќе од една година. Во телефонски разговор тие го разгледале зголеменото воено присуство на Русија во Сирија.

Двајцата политичари се договориле да имаат дополнителни разговори за создавање механизми, по кои силите на САД и Русија не треба взаемно да си пречат и да се избегнат непотребни инциденти во Сирија, соопшти Пентагон.

Распоредувањето на руски воени единици на сириската воено воздухопловна база во Латакија ја зголемува веројатноста за истовремени американски и руски мисии во воздушното пространство на Сирија.

Картер му изјавил на Шојгу дека следниот дијалог ќе се спроведе паралелно „со дипломатски преговори, кои ќе обезбедат политички преод во Сирија“.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ