Неверојатни љубовни приказни од вистинскиот живот ги кршат срцата

Од:

24 сата – Загреб

Искуствата на 10 двојки покажуваат дека од љубовта никогаш не треба да се откажуваме. Едни се венчале и чекале 60 години да бидат заедно, други бегале бидејќи врската им била забранета. Вистинската љубов не постои само во филмовите, како што многумина веруваат. Постојат двојки кои докажуваат дека големите љубови, кои траат цел живот, навистина се можни, само треба да се најде сродна душа, што на многумина не им се случува. Овие двојки и нивните љубовни приказни ги кршат срцата, ја враќаат вербата во љубовта и покажуваат дека никогаш не треба да губиме надеж ниту да се откажеме од љубовта.

Напишал песна на својата љубов Sweet Lorraine

Фред Стобах од САД никогаш не не ја преболел загубата на љубовта на својот живот. Се оженил со Лореин во 1940 година, а нивната љубов била секогаш среќна. Имале три деца, но по 73 години брак, таа починала. На Фред срцето останало скршено.

Еден месец дена од смртта на својата сопруга наишол на оглас за локален натпревар во пишување на песни. Иако немал слух и не бил музичар, напишал една од најубавите љубовни песни Sweet Lorraine. Студиото Green Shoe било воодушевено и се одлучиле да напишат музика за таа песна. Направиле и краток документарец за Фред и неговата љубов.

Прославиле 81 годишнина од својот брак

Ен, родена во семејство на сириски имигранти, имала 17 години, а Џон 21 и биле вљубени. Пораснале во исто соседство во САД, а станале пријатели во средното училиште. Нејзините родители не биле среќни од таа врска бидејќи таткото на Ен планирал таа да се омажи за 20 години постар маж. Но, младата двојка не можеле да се откажат од љубовта и во 1932 година побегнале во Њујорк.

Родителите не биле премногу загрижени бидејќи не верувале дека врската ќе потрае. Но, се измамиле, на 24 декември во 2013 година Џон и Ен Бетар прославиле 81 годишнина од својот брак и привлекле многу медиуми. Славеле со своите пет деца, 14 внуци и 16 правнуци. Тој имал 102, а Ен 98 години. Не е познато дали се уште се живи.

Писмата откриваат колку се сакале

Џудит Ловел го познавала својот дедо како мрачен и достоинствен човек па се изненадила кога ги нашла неговите љубовни писма кои ги пишувал на бабата и ги добивал од неа во младоста. Се викал Дејвид Хард и од Јамајка допаутвал во Њујорк во 1917 година, каде работел што стигнал, за да преживее.

Бил осамен и во 1913 година почнал да се допишува со непозната жена Аврил Като од Карибите. Нивната романска растела со секое писмо, а таа дури му праќала писма кои биле намирисани со парфем. По една година допишување тој толку се вљубил во мистериозната жена што ја запросил преку писмо, иако никогаш не ја видел дури ни на фотографија. Нервозно чекал одговор, а таа се согласила по благословот на своите родители.

Првпат се виделе на денот на венчавањето во август во 1914 година на Јамајка. Таа се преселила со него во САД каде добиле шест деца. Таа починала во 1962 година, а тој девет години подоцна. Не се оженил повторно и до последното отчукување на срцето ја сакал својата Аврил.

Се разделиле по венчавањето, а се нашле по 60 години

Поминале само три дена од венчавањето на Ана Козлов и Борис, а тој веќе морал во Црвената армија. Тоа било во 1946 година. Таа го чекала, но Сталин ја протерал неа и нејзиното семејство во Сибир од каде не можела да му пишува на својот сопруг. Борис ги поминал годините од животот обидувајќи се да ја најде, но целосно го изгубиле контактот.

Ана била скршена и размислувала за самоубиство. Нејзината мајка тогаш ги уништила сите спомени на Борис, вклучувајќи ги и фотографиите од венчавката и писмата. Таа на крај повторно се омажила, а Борис се оженил. Годините поминувале и двајцата ги изгубиле своите сопружници, а потоа се случило чудо. Ана го посетила родното село, каде некогаш двајцата живееле. Одејќи по улица во далечината здогледала постар маж. Срцето и заиграло, тоа бил Борис. Тој дошол во селото да го посети гробот на своите родители. Здогледувајќи ја Ана потрчал до неа. Сите чувства се вратиле. Повторно се венчале и конечно живелее заедно како маж и жена.

Чекале 11 години да бидат заедно

Ирина и Вудфорд МекКлеин се венчале, но не ни мислеле дека ќе мораат да чекаат долги 11 години за да бидат заедно. Во раните 70-ти години Ирина живеела во Москва каде работела во Институт за светско стопанство и меѓународни односи. Таму го запознала американскиот професор Вудфорд МекКлеин. Се вљубиле и се венчале две години подоцна во јули во 1974 година. Но, во август на Вудфорд му истекла визата и морал да го напушти Советскиот Сојуз.

Се обидувал да ја посети својата жена во Москва, но на повеќе наврати му одбиле влез во земјата. Од друга страна, на Ирина не и дозволувале да ја напушти земјата и тоа без објаснување. Тие двајца контактирале со писма и преку телефон, а редовно си праќале и фотографии.

По повеќе од 11 години Ирина конечно добила зелено светло да се пресели во САД. Кон крајот на јануари во 1986 година слетала на аеродромот во Вашингтон, а тој тука нестрпливо ја чекал. Полетале еден кон друг во прегратка. Ирина нивното искуство го преточила во книгата Of Love and Russia: The Eleven-Year Fight for My Husband and Freedom (За љубовта во Русија: 11 годишна борба за мојот маж и слободата).

Се родиле во ист ден, а тој умрел еден ден по неа

Лес Браун Помладиот и неговата сопруга Хелен се родиле на ист ден, на 31 декември во 1918 година. Откако се запознале во средно училиште, знаеле дека ќе бидат неразделни. Лес доаѓал од богато семејство, а Хелен од работничко. Нивните родители не ја одобрувале врската, ги убедувале дека класната разлика е непремостлив проблем. Но, тие го докажале спротивното.

Се венчале, станале родители и секој ден биле заедно, среќни еден со друг. Во длабока старост Хелен се разболела од рак на желудник, а Лес се борел со Паркинсонова болест. По 75 години брак, таа умрела на 16 јули во 2013 година, а тој еден ден подоцна, не можел да живее без неа ни ден повеќе.

Се венчале по 75 години, по првиот и последниот бакнеж

Керол Харис настапила како Трнорушка во трета година во средно училиште, а партнер во претставата бил Џорџ Рајнес кој претходно бил вљубен во неа. Тој во претставата бил принц, тогаш се бакнале за прв пат и се останало на тоа. Годините поминувале, а Џорџ се преселил во Торонто, се оженил и основал семејство.

Но, по 61 година кога сопругата му починала, се одлучил да ја побара старата љубов која му останала во срцето. Џорџ и Керло повторно се сретнале, станале пријатели, а набрзо и многу блиски. Се венчале 75 години по бакнежот во училишната претстава.

Секој ден на болната сопруга и чита дневник да не заборави како живееле

Џек и Филис Потер од Велика Британија се уште еден пример за вистинска љубов, во добро и во зло. Иако и самиот е во длабока старост, Џек не сака да дозволи љубовта на неговиот живот да живее осамено поради деменцијата која ја има и секој ден и го чита својот дневник. Почнал да го пишува како дете и продолжил да го пишува цел живот. Посебно внимание посветил на страниците на кои пишувал како се запознале.

Филис ја сретнал на 4 декември во 1941 година и ја засакал од првиот момент. Во дневникот тогаш напишал: Многу убава вечер. Танцував со многу убава девојка. Се надевам дека повторно ќе ја видам. И се виделе и се венчале по 16 месеци.

Речиси по 50 години подоцна деменцијата земала замав кај неа и морала во старски дом бидејќи тој повеќе немал сили да се грижи за неа. Тој ја посетува секој ден и и го чита својот дневник. Ја потсетува на се што поминале заедно и ги покажува фотографиите. Таа секогаш е пресреќна кога ќе го види. Сега се во брак 70 години.

Забранетата љубов ја криеле од јавноста 61 година

Џон Мек првпат го сретнал Ричард Дор во 1950 година и срцето веднаш му заиграло. Се запознале како студенти, а нивната заедничка љубов кон музиката се претворила во љубов еден кон друг. Џон претходно бил во брак и имал син Пол за кој Ричард му помогнал да го чуваат и воспитуваат.

Пол во 1983 година загинал во сообраќајна несреќа, а Џон и Ричард заедно поминувале низ голема тага, биле поддршка еден на друг. Долги години морале да ги кријат своите чувства од јавноста, но во 2011 година Њујорк ги легализира хомосексуалните бракови и тие се одлучиле да се венчаат истата година, дури по 61 година откако се виделе првпат. Џон имал 84, а Ричард 91 година, пишува Listverse.

Чекале да наполни 100 години и тогаш се венчале

Во 1983 година на една забава се запознале Форест Лансвеј и Роус Полард. Тој два пати бил вдовец, а таа го изгубила сопругот по долга и тешка болест и не сакала повторно да се мажи. Иако живееле 64 километри оддалечени еден од друг, тие редовно се гледале. Додворувањето траело следните 20 години, а во 2003 година се одлучиле да живеат заедно.

Во 2003 година, Форест се преселила со Роус во Capistrano Beach. Потоа ја запросил. Роус не го сфатила сериозно, бидејќи тој имал 90, а таа имала 80 години и на шега му рекла дека ќе се омажи за него откако ќе наполни 100 години. Поминале уште 10 години и се венчале.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска