Најмалку 16 лица, вклучувајќи и шест деца, загинале во поплавите во американската сојузна држава Јута, информираа локалните власти, цитирани од светските агенции.
Спасувачките служби трагаат по луѓето кои исчезнале во разурнувачките поплави, во кои загинаа најмалку 12 лица.
Само три лица се спасија, откако поплавите однесоа два автомобила со 16 патници, три жени и 13 деца, во непосредна близина на градот Хилдејл. Сите спасени се деца.
Хилдејл е изолирана заедница во која се наоѓа полигамната секта на Ворен Џефс, забележуваат американските медиуми.
Телата на четири лица беа откриени во Националниот парк Зајон, што се наоѓа во близина. Тројца туристи се прогласени за исчезнати по ненадејното покачување на водите.