На Европа и требаат 9 милијарди евра за буџетот

Од:

Европската комисија соопшти дека и се потребни дополнителни девет милијарди евра за буџетот на ЕУ до крајот на 2012-та година за да може да ги исполни своите обврски.

Комисијата го усвои ревидираниот буџет за оваа година кој треба да го одобрат Европскиот парламент и лидерите на 27 европски земји.

ЕУ наведе дека околу третина од парите можат да се добијат од разни даноци, но дека 5.9 милијарди евра мораат да обезбедат земјите членки, а некои од нив имаат проблеми и со сопствените буџети поради финансиската криза.

Претседателот на ЕК, Баросо рече дека парите се потребни за продолжување на финансирањето на меѓународните студенти и сирпмашните области во ЕУ.

„Овие програми се неопходни да се поттикне растот и да се отворат нови работни места“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он