Мафијашкиот советник Антонио „Тони Бананас“ Капонигро планирал да го убие Френк Синатра, бидејќи Френк некогаш во некоја прилика го навредил, а сето тоа е откриено благодарение на тајните снмки на ФБИ кои биле претставени на јавноста минатата недела.
Тие биле пуштени на судењето на мафијашкиот „бос“ Џозеф Лигамбиј во Филаделфија, а ги снимил доушник на ФБИ.
Синатра се нашол на мета бидејќи на горенаведениот му рекол „да замолчи“, а засега не е познато зошто мафијашот се откажал од својата намера да го убие.
„Инсајдерите“ споменатата снимка ја споредуваат со култната филмска трилоја „Кум“.