Италијански шахист мамел на турнир со помош на Морзеовата азбука

Од:

Италијанскиот шахист Арканџело Рикарди (37) е исклучен од учеството на еден угледен шаховски турнир во Италија, откако било откриено дека мами во текот на играта, со помош на минијатурна камера и знаците од Морзеовата азбука.

На судиите на турнирот, Рикарди им станал сомнителен кога забележиле дека Италијанецот, кој е рангиран на 51,366 место во светскиот шах, почнал лесно да победува натпреварувачи кои се многу поквалитетни и повисоко рангирани од него.

Сомнежот прво се јавил поради „крајно необичниот начин на игра“ на Рикарди, кој постојано едната рака ја држел под едната пазува, а потоа и со неговото постојано трепакање со очните капаци.

Судиите и организаторите на турнирот побарале од него да ја откопча кошулата, а кога одбил го натерале да помине низ детекторот за метал, кој веднаш регистрирал дека „има нешто“ околу неговото раме.

При претрест била откриена специјална електронска направа и минијатурна камера, кои биле поврзани со компјутер на еден негов помошник, програмиран за шаховската игра. Камерата насочена во шаховската табла го пренесувала распоредот на фигурите, а по анализата на компјутерот, назад добивал информации за најдобриот потег со помош на знаците на Морзеовата азбука.

Главниот судија на турнирот за италијанскиот весник „Стампа“ изјави дека шахистот Рикарди од почетокот бил сомнителен, затоа што играчи како него се редовно сомнителни кога прават изненадувачки успеси и влечат потези кои не се рамни на нивната категорија.

Судијата признава дека бил мошне изнандена кога сфатил дека трепкањето со очните капаци, практично било дешифрирање на морзеовите знаци.

Инцидентот со мамење во Италија доаѓа само пет месеци по таков случај на турнир во Москва, кога еден шаховски велемајствор мамел во играта со помош на паметен мобилен телефон.

Телефонот бил оставен во една од кабините на тоалетните простории, завиткан во тоалет хартија. Тој станал сомнителен кога почнал да оди во тоалетот на секои 10-15 минути и тоа само во една иста кабина.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ