Романија нема никогаш да ја искорени корупцијата

Од:

Романија Либера – Букурешт

Статистиките јасно кажуваат: болеста со корупцијата навлегла како рак во целата структура на државната администрација во Романија и никакво строго лечење кое го применува во последниве години Националната дирекција за борба со корупцијата не е во состојба да ги отстрани метастазите на поткупот.

Половината од претседателите на окружните совети во Романија се осомничени за дела за корупција. Општо, тие се обвинети дека зеле поткупи во замена за давање договори со државни пари. На почетокот на годнава, еден од нив беше Буња Станку, поранешен претседател на Окружниот совет на Браила, кој доби пресуда од три години затвор за незаконско финаисирање на предизборната кампања во 2009 година на владеечката Социјалдемократска партија. Покрај името на Буња Станку, кој веќе се наоѓа во затвор, се придоаваат и други лица на кои Дирекцијата им поднесе кривични пријави за нелегално финансирање на спортски клубови од буџетот на Окружниот совет.

Градоначалниците на некои од големите градови во земјата ги очекуваат пресудите или веќе се осудени по други кривични дела. Поранешниот градоначелник на Клуж, Сорин Апостол, беше првиот кој застана на чело на редот на корумпирани избраници која изгледа бескрајна. Тој во 2013 година беше осуден на три години и шест месеци затвор заради трговија со влијание, поттикнување перење пари, добивање на нерамномерна корист и поттикнување на измами со документи.

Дирекцијата продолжи со гонењата и во 2015 година. На почетокот на годината, досега недофатливиот градоначелник на Констанца, Раду Мазаре, поднесе оставка од позицијата откако Дирекцијата го уапси по обвинеиија дека добил поткуп од девет милиони евра. Парите дошле од неколку трговски друштва за да им помогне да добијат договори со финансиска корист со општинат, или да го олесни издавањето на документи од градот за градба неопходни за развој на некои градежни проекти, од типот на молови, соопштија истражните органи во април.

Исто и градот Јаши беше на насловните страници во весниците во април годинава, откако градоначалникот на градот, Георге Никита, беше приведен заради злупотреба на службената позиција. Градоначалникот на Јаши беше обвинет дека ја искористил локалната полиција за да ја следат неговата љубовница за која се сомневал дека го изневерува. Покрај ова, расходи за следењето, вклучително и за акции надвор од градот, биле дадени на локалната полиција, велат истражителите.

А сега еве дојде редот и на Сорин Опреску, градоначалникот на најголемиот град во Романија, кој беше уапсен ноќта во саботата кон неделата исто така заради корупција. А обвиненијата покренати од Дирекцијата се едни од најтешките: – Во периодот 2013-2015 година, една добро организирана група кон која се приклучил и обвинетиот Сорин Опреску, во локалната администрација на градот Букурешт создале систем преку кој економските оператори кој сакале да добијат договори од општествени институции, кои се наоѓаат под контрола на градоначалникот, требало да предаваат дел од заработката реализирана при исполнување на договорите под форма на поткуп на одлучувачките фактори во апаратот на општината Букурешт, се посочува во соопштението на антикорупциските обвинители.

Од тие суми, десет проценти оделе кај Сорин Опреску, тврди Дирекцијата. Истражителите го фатиле градоначалникот додека добивал 25.000 евра преку посредник од четири души кои го дале сиггналот.

Националната болест која одвнатре ја разјадува јавната администрација ги заразила не само шефовите на окружните совети и градоначаниците, туку стигнала и до најнеочекуваните агли на системот, или практично насекаде каде има државни пари кои може да се присвојат.

На почетокот на неделава се прашував кога беше фатен на лице место со поткуп дури и директорот на Комисијата за контрола на нуклеарните кативности, дали се уште постои барем еден државен менаџер кој не е корумпиран. Одговорот дојде следниот ден, кога со поткуп беше фатен и директорот на Поливалентната сала во Букурешт.

Иако антикорупциското лекување кое се врши во Романија во последниве години тргна многумина од жариштата кои ја поддржуваат болеста на коруцијата во државниот систем, скептичен сум дека земјата наскоро ќе заздраве. Тој бич е многу пошироко распространет – се шегуваме со колегите дека не постои градоначелник во Романија кој не е „кандидиат затвореник“. Освен тоа, очигледно е дека поткупот е заразен и на инфицираните им дава некаков вид безумен кураж кој го тера да не стравува од луѓето од законот.

Ете така е и во случајот со Сорин Опреску. Пред да стигне до градоначелник на престолнината, антикорупциксата управа го уапси минатата година шефот на Дирекцијата за инфраструктура во рамките на општината, Мадалин Думитру, заради корупција, а оваа година во период од една недела – личниот советник на Сорин Опреску за трговија со влијание и еден службеник од дирекцијата за градски станбени работи, откако добиле поткуп од 40,000 евра. Добро, но тоа јавно не го погодило градоначалникот, па затоа и не прекинал со своите незаконски дејствија за кои сега обвинителите го товарат.

Покрај тоа, минатата година, по апсењето на Мадалин Думитру, Сорин Опреску изјави дека им обрнал внимание на сите со кои работи дека треба да бидат чесни. – Што да ви кажам, госпоѓо? Од каде, по ѓаволите, да знае човек? Шест години обрнував внимание на сите (…) Што да коментирам? Правсудството ќе го каже своето, секој е одговорен за тоа што го прави, му одговори тогаш Сорин Опреску на репортер од Медиафакс.

Пред околу три години, еден офицер од Главната дирекција за борба со корупцијата, структура во рамките на Министерството за внатрешни работи која се занимава со разоткривање на корупциските случаи меѓу службениците на тоа Министерство, ми објасни зошто смета дека никогаш нема да биде сотрена корупцијата на царината.

– Дури да ги фатиме старите цариници кои навикнале на поткупи, младите кои почнуваат со работа во системот многу брзо ќе научат од другите дека е добро да си стаат дополнителни парички покрај платата. Малкумина му оддолеваат на тоа искушение. А оние кои веќе започнале, не можат да сопрат. Имаше случаи во кои некои на кого сме му го уапсиле колегата од смена врз основа на запис и видео, продолжува да бара поткуп. Иако е очигледно дека и нему ќе му дојде ред за истрага, изјави тој.

Фантастично е што институциите кои се борат со корупцијата постигнуваат впечатливи  резултати како што се случи сега со градоначалникот Сорин Опреску. За жал, се повеќе мислам дека ние, обичните граѓани, ќе останеме само со тоа, со утехата, дека некои големи риби на корупцијата се уловени.

Но, ракот на корупцијата нема да биде победен наскоро. Се си мислам дека обвинителите од Дирекцијата ќе имаат работа со градоначалниците, претседателите на окружните совети и со директорите од државниот систем и во следните 50 години.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски