Полуфинале за Ѓорческа во Врњачка Бања

Од:

Македонската тенсиерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Врњачка Бања (награден фонд 10.000 долари).

Таа денеска во четвртфиналето ја совлада Џулиета Естабле од Аргентина (петта носителка) со 7:6 (7:5) и 6:3 во сетови. Ѓорческа на турнирот е рангирана како прва носителка.

Утре во полуфиналето Ѓорческа ќе игра против победничката од четвртфиналето меѓу Габриела Хорачкова (Чешка) и Кристина Милетиќ (Србија).

Ѓорческа попладнево (после 16 часот) ќе игра и во финалето на двојки. Таа и Шантал Скамлова (Словачка) се први носителки и за противнички ги имаат српските тенисери Марина Лазиќ и Бојана Маринковиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата

Сензација во Шангај: „Летечкиот Џордан“ го исчисти Алкараз