МПМ: Одбравме да се намалат платите, а не да има откази

Од:

Одлуките кои на 31 август годинава беа донесени во Медиа принт Македонија се согласно позитивните законски прописи. Менаџментот на МПМ на 24 јуни согласно обврските од член 94-а, ги повика претставниците на синдикатот на вработените и претставник на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, како што вели членот 94-а од Законот за работни обврски „за информирање и консултирање на работниците“, се вели во дописот до ССНМ кое е испратено од извршната директорка на МПМ Македонија, Јана Станисављева.

„На состанокот беше целосно образложена состојбата во која се наоѓа друштвото како и предлог мерките кои менаџментот размислува да ги спроведе. Претставниците на синдикатот добија уверување дека ќе се направи се спроведувањето за заштеда да бидат што побезболни за вработените и дека и покрај реалната потреба од намалување на бројот на вработените во друштвото ќе се разгледаат сите можности да се спроведе мерката за намалување на платите. Оттука, на 31 август донесената Одлука да не се намалува бројот на вработените од деловни причини, туку само скалесто да се намалат персоналните трожоци. Беа земени во предвид и предлозите на ССНМ, па се водеше сметка намалувањето на помалите плати да биде со помал процент, додека со повисок процент на намалувањето да бидат оптеретени високите плати, меѓу кои и платите на менаџментот“, се вели во дописот до ССНМ.

Би можело да ве интересира

Керим: Достапен сум за сите, па и за СЈО

Ана Ололовска

Керим и Станисављева недостапни за СЈО

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Керим по распитот во СЈО: Ќe кажеме се кога ќе дојде време

Ана Ололовска

Срѓан Керим пристигна на распит во СЈО

Ана Ололовска

Јана Станисављева пристигна на распит во СЈО

Ана Ололовска

Срѓан Керим и Јана Станисављева на распит во СЈО

Ана Ололовска