Босанецот Хаџиќ по 10 месеци пешачење стигна во Мека

Од:

Босанецот Сенад Хаџиќ, кој тргна во декември 2011 година пеш на аџилак во Мека, измина околу 5.700 километри и пристигна во светиот муслимански град, откако поминал седум држави, вклучувајќи ја и Сирија.

„Пристигнав во саботата во Мека. Не сум изморен. Тоа се најубавите денови во животот“, рече Хаџиќ.

На страницата на Фејсбук, каде што тој објавуваше постови во последните седмици од патувањето, 47-годишниот Сенад Хаџиќ раскажа дека ја поминал Босна, Србија, Бугарија, Турција, Сирија, Јордан, пред да стигне до Мека во Саудиска Арабија.

Тој истакна дека тргнал на ова патување пеш во името на Алах, поради исламот, поради Босна и Херцеговина и поради своите родители и сестра си.

Хаџиќ рече дека ја поминал Сирија во април и изминал 500 километри за 11 дена, како и тоа дека минал преку Алепо и Дамаск и преку десетина контролни пунктови.

Хаџиќ пешачел вкупно 314 дена, минувајќи меѓу 30 и 70 километри на ден, со 20-килограми тежок ранец на грбот и при температури од минус 35 степени до плус 55 степени.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски