Млекарите во БиХ губат 15 милиони КМ месечно!

Од:

Дневни аваз – Сараево

Со забраната за извоз на млеко во Европската унија производителите од Босна и Херцеговина ќе претрпат големи загуби, месечно и до 15 милиони КМ, а во прашање е доведена и егзистенцијата на 22.000 домаќинства кои се занимаваат со производство на млеко и млечни производи. Претседателот на Здружението на млеко производителите во БиХ Мехмед Никшиќ во изјавата за Дневни аваз рече дека ако наскоро не се реши овој проблем, млекарите ќе ги блокираат граничните премини со Хрватска.

Блокада на границата

– На телефонска седница меѓу ентитетските здруженија се договоривме да упатиме писмо до Советот на министри и да им дадеме рок од пет дена за преговори со Хрватска. Ако во тој рок Хрватска не ја повлече својата жалба, ќе излеземе на протести и ќе ги блокираме сите гранични премини кон Хрватска и ќе забраниме увоз на сите производи од Хрватска во БиХ – рече Никшиќ. Тој потсети дека три години биле потребни на производителите на БиХ за да добијат дозвола за извоз, а голема одговорност бх. властите гледаат во тоа што лидерите во земјата не реагирале навремено, колоната камиони на денот кој се чекаше како клучен за сите производители да се врати, бидејќи жалбата на извоз на млеко е поднесена точно на 26 август.

Тој вели дека на овој датум се чекало со големи очекувања, бидејќи тоа беше нова шанса до соседна Хрватска, во која пред да влезе во ЕУ одеше една четвртина од произведеното млеко, бх. производителите повторно да извезуваат дури 50 милиони литра годишно.

– Рок за жалби Хрватска имаше од три недели, тој истече на 13 август, а потоа две недели беа оставени жалбите да се разгледаат, ако има жалби. Никој не се жалеше. Сепак, на 26 август кога камионите тргнаа кон Хрватска, во 12 часот беше најавено дека некоја од членките се жалела. Се поставува прашањето кој се жалел, дали надлежните знаеле што ќе се случи и сето ова го премолчеа. Бидејќи, се поставува прашањето, ако Хрватска се жалела на време, зошто производителите не биле на време обавестени. Дали некој ова се го знаел и го сокрил и поради што, тоа мора да се открие.

Очигледно е дека бх. властите немаат добар однос со Брисел или Хрватска, бидејќи некаде постои дупка во односите – рече Никшиќ. Она што е неспорно е дека БиХ има квалитетно млеко и дека млекарите до сега безброј пати тоа го докажале.
– На нас ни е важно квалитетот да е висок. Останатото ќе го решаваме – вели Никшиќ.

Помош од ЕУ

Министерот за надворешни работи на БиХ Игор Црндак смета дека одлуката на Хрватска не е добрососедски потег и очекува Европската унија да донесе исправна одлука, штио би била силна европска порака и за БиХ. Се надева дека по 16 септември работите ќе се вратат на очекувањата и млекото од БиХ ќе се извезува во ЕУ.

– Наредните 20 дена треба да ги искористиме за да се обидеме да ја убедиме ЕУ одлуката за забрана за бх. млекото да се промени и да се овозможи извоз на млеко во европските земји – рече Црнадак.

Потребна поддршка

Никшиќ пак рече дека бројните работни места во нашата земја ги спасија и илјадници домаќинства да не останат без приходи, опстанокот и спасот може да им обезбеди лојалност на потрошувачите од БиХ.

– Единствен начин како да ги задржиме своите позиции и како и понатаму да ја шириме дејноста е луѓето да купуваат домашни производи. Тоа никако не е повик на бојкот на другите производи – рече Никшиќ.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници