Во ЦАР ослободени 163 деца-војници

Од:

Антибалака милицијата во Батафонга, Централноафриканска Република (ЦАР) денеска ослободи група од 163 деца-војници, од кои пет девојчиња, соопшти УНИЦЕФ.

Вооружените централноафрикански групи од мај, по потпишувањето на договор со УНИЦЕФ, ослободија вкупно 645 деца-војници.

– Се надеваме дека до крајот на годината ќе бидат ослободени уште стотици деца, изјави претставникот на УНИЦЕФ во ЦАР, Мохамед Малик Фал.

Шефовите на осум вооружени централноафрикански групи, меѓу кои и христијанската антибалака милиција и поранешните муслимански бунтовници селека, главни протоговнисти во судирите, во мај презедоа обврска да ослободат неколку илјади деца-војници, за време на Форумот за национално помирување во Бангуи.

Според УНИЦЕФ од 2013 година бројот на деца-војници во вооружените групи во ЦАР се движи од 6.000 до 10.000.

Би можело да ве интересира

Бунтовниците во ЦАР убија најмалку седум луѓе

Ана Ололовска

Претседателски и парламентарни избори во ЦАР

Ана Ололовска

Најмалку 33 лица убиени во судири во главниот град на Централноафриканската Република

Ана Ололовска

Централноафриканската Република сака руска воена база на своја територија

Ана Ололовска

Јапонскиот цар Акихито ќе абдицира во корист на синот

Јапонија добива нов цар