Најмалку седум загинати во бурата Ерика во Доминиканска Република

Од:

Најмалку седум луѓе загинаа во тропската бура Ерика што го зафати карибскиот остров Доминикана.

Бурата се движи кон запад со ветер со брзина од 85 километри на час и во моментот е 150 километри источно од главниот град на Доминиканска Република, Санто Доминго.

Во бурата Ерика загинаа најмалку четири лица во Пуерто Рико. Бурата ги погоди и Девствените Острови.

Поради бурата Ерика се очекува невреме и на Хаити, на Бахами и на островите Таркс и на Кајкос.

Гувернерот на американската сојузна држава Флорида, Рик Скот прогласи вонредна состојба поради приближување на бурата Ерика.

Метеоролозите прогнозираат дека Ерика ќе стигне до Флорида в понеделник, но оти бурата нема да прерасне во ураган.

Би можело да ве интересира

Коронавирусот ги одложи изборите во Доминиканска Република

Ана Ололовска

Застрелани двајца радио водители од Доминиканската Република

Ана Ололовска

Доминиканска Република издаде потерница по пратеник на Европскиот парламент

Ана Ололовска

Во Домениканска република запленети 320 килограми кокаин

Ана Ололовска

Приближно 12. 000 лица евакуирани заради поплавите во Доминиканска република

Ана Ололовска