Протест во долна облека против дискриминација на дебелите

Од:

Младата Американка Стела Боншофт реши преку својот блог Тубир да стави крај на табуто дека само слабите девојки објавуваат свои фотографии во долна облека и бикини. Нејзината фотограија во долна облека на страницата на организацијата „Humans of New York“ за само 14 часа од објавувањето собра повеќе од 270.000 лајкови, имаше 10.000 споделувања и 26.000 коментари, јави „Хафингтон пост“.

Покрај својата фотографија Стела напиша: Предупредување: Фотографијата би можело да се смета како срамота зашто субјектот на неа не е слаб. А сите знаеме дека само слабите луѓе смеат да го покажат својот стомак и да ја слават својата убавина. Јас не сакам тоа да биде така. Ова е моето тело. Не е ваше. МОЕ. Што значи дека одлуките кои ги носам во врска со него немаат апсолутно никаква врска со вас. Што значи дека мојата дебелина НЕ Е ВАША Е…. ГРИЖА.

Ако мојот голем стомак и дебелите раце и другите делови од телото ве лутат, тоа е во ред. Нема да го кријам своето тело и себеси за да ја поштедам вашата деликатна чуствителност. Оваа фотографија е за сите чудни луѓе во црквата на мојата дадилка, кои ми зборуваа дека стомакот ми е преголем кога имав пет години. Оваа фотографија е за мојот тренер за јавање, кој ми рече дека сум предебела кога имав 9 години.

Оваа фотографија е за девојката од летниот камп, која ми рече дека би била баш убава, само да намалам неколку килограми. Ова е фотографија за сите е…. глупи рекламни агенции што ни продаваат креми како да ги намалиме килограмите, совршено нормални работи што ги имаат поголем број луѓе (јас своите ги добив во пубертет). Оваа фотографија е за дечкото што на една забава ми рече дека изгледам како завиткан кит.

Оваа фотографија е за Емили од основното училиште, која непрекинато ме малтретираше, ме снимаше видео со кое ме исмеваа, ми испраќаше многу лоши мејлови. Поради неа имав чувство дека не заслужувам да живеам, само поради тоа што сум поголема од неа. Имав само 12 години. Продолжи да ме малтертира преку социјалните мрежи и во средното училиште.

И најмногу од сè, ова фотографија е за мене. За девојката што не го сакаше своето тело толку за да преземе екстремни мерки обидувајќи се да се промени. Која плачеше со часови поради фактот дека никогаш нема да биде слаба. Која ја задеваа и беше навредувана само поради тоа што била тоа што е. Тоа е сега работа од минатото. Ова е моето тело, помирите се со тоа“.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските