Фестивалот „БитФест“ во завршна фаза

Од:

Битолското културно лето „БитФест“ ги одбројува последните фестивалски денови до свеченото затворање закажано за 27. август кога ќе се одржи традиционалната манифестација „Широк Сокак во бело“.

Од  „БитФест“  информираат дека 200-те програмски настани ќе бидат комплетирани со концерти и атрактивни културни настани што ќе се одржуваат до четврток навечер кога фестивалот завршува.

– Вечер на летната сцена на Тумбе кафе ќе биде организирана поетска вечер која ќе ја приредат членовите на универзитетскиот поетски клуб „Дениција“, а истовремено во битолската Магаза концерт ќе одржат Срѓан Булатовиќ и Дарко Никчевиќ, гитаристи од Црна Гора. Утревечер на Широк Сокак ќе се одржи традиционалната трка на штикли, во музејот ќе се одржи оперски концерт посветен на Кирил Македонски, додека во магазата ќе гостуваат Васил Хаџиманов и неговиот бенд. На 26 август целовечерен концерт на Хераклеа ќе одржи поп дивата Калиопи, а „БитФест“  ќе заврши со традиционалната манифестација „Широк Сокак во бело“, информираат од  фестивалскиот прес центар.

Би можело да ве интересира

Со концерт на Каролина Гочева вечерва почнува Битолското културно лето

Ана Ололовска

Јавен повик на Општина Битола за културно лето „БитФест 2019“

Ана Ололовска

Викендов завршува битолското културно лето „БитФест“

Ана Ололовска

Незаборавно добро издание на „Незаборав“

Ана Ололовска

Концерт на рускиот вокален ансамбал „Чајка“

Наум Локоски

Бит фест: Фолклорната група „Селенце“ и оркестарот „Фокош“ на плоштадот Магнолија

Ана Ололовска