Членките на групата „Пуси рајот“ Надежда Толоконикова и Марија Алохина, кои се осудени за хулиганство, се ипратени на отслужување на двегодишната пресуда во казнена колонија, изјави нивниот адвокат Марк Фејгин.
Сопругот на Толконикова, Потр Верзилов изјави во меѓувреме за радиото „Ехото на Москва“ дека неговата сопруга е испратена во женската казнено-поправна колонија во Република Мордова (на 500 километри источно од Москва).
Според Виолета Волкова, која исто така е претставник на одбраната, блиските на Алохина дознале дека таа е испратена во регионот на уралскиот град Перм.
Дваесет и две годишната Надежда Толконикова, 24-годишната Марија Алохина и 30-годишната Екатерина Самуевич беа осуден во август на по две години затвор за хулиганство и поттикнување на верска омраза, бидејќи во февруари испејаа анти-Путин „панк молитва“ до Богородица во црквата „Христос Спасителот“ во Москва. Подоцна пресудата за Самуевич беше промената во условна.