Сончевата енергија идеално решение за деловни објекти

Од:

Бука – Сараево

Проектот Соларна енергија како иднина на одржлив развој, е поддржан од страна на Американската агенција за меѓународен развој УСАИД, а го имплементира микрокредитната фондација Партнер.

Проектот има за цел зголемено користење на соларни колектори како и други алтернативни извори на енергија во БиХ. Вкупната вредност на овој проект е околу 1,25 милиони долари и се финансира од страна на УСАИД при што учеството на Партнер е околу 220.000 долари.

Сончевата енергија е идеално решение за деловни објекти кои трошат големи количини на топла вода.

Станислав Черековиќ од Бања Лука на периферијата на својот град, на пат кон Челинац, изгради деловен објект со површина од 670 квадратни метри и во него отвори свадбен салон под името Филмар. Веќе по неколку месеци големата инвестиција почна да се исплатува и многу млади брачни парови од Бањалука и околината се одлучуваат свадбената веселба да ја поминат токму во модерниот салон на Черековиќ, а тука се одржуваат и други видови на забави.

Со оглед на тоа дека поради природата на работат, во објектот се троши голема количина на топла вода, сопственикот се одлучил за нејзино затоплување да го користи Сонцето и вградил соларен систем со бојлер со капацитет од 500 литри. Освен за затоплување на санитарна вода, Сончевата енергија помага и за затоплување на салата и другите простории во објектот, како дел од системот за затоплување кој како основен енергент користи пилевина.

Во обид да оствари заштеда, Черековиќ го прифатил УСАИД проектот Соларна енергија како иднина на одржливиот развој, кој го имплементира микрокредитната фондација Партнер. Господин Черековиќ се информирал за сите предности од користењето на енергијата од непресушниот извор и поволностите кои се нудат преку проектот, па го финансирал вградувањето на соларниот систем користејќи микрокредит од Партнер со многу поволни кредитни услови.
По само неколку месеци, сопственикот на свадбениот салон е свесен дека направил вистински потег.

– Се уште е рано за некои поголеми калкулации, но со оглед на тоа дека кај мене струјата се пресметува по индустриска тарифа, а гледам колку топла вода се троши само во тек на една веселба, сигурен сум дека со намалувањето на сметката за електрична енергија во поголем дел ќе се покрие месечната рата на кредитот во износ од 215 КМ и системот многу брзо ќе се отплати – вели Черековиќ.

Додава дека од инсталирањето на соларниот систем воопшто не вклучувало бојлер во кој температурата на водата постојано се движи од 40 до 80 степени. Вистинска заштеда очекува дури во зимскиот период, бидејќи поради користење на енергијата на Сонцето и во тој дел на годината треба да има многу намалена потрошувачка на пилевина, главен енергент во неговиот систем за греење на просториите.

– Секојдневно доаѓаат мои пријатели и познаници и се интересираат како функционира овој систем. На сите им велам да го направат истото и после мене, истата фирма вгради уште три слични системи во Бањалука и околината. Верувам дека наскоро ќе дојде до широка употреба на сончевата енергија во нашата земја – истакна Станислав Черековиќ.

Затоа, според неговите зборови, со јакнење на економската моќ на населението и ширење на свеста за предностите од користењето на обновливи извори на енергија, неопходно е државата да обезбеди стимулативни кредитни средства кои за оваа намена ги нуди микрокредитната фондација Партнер и наскоро ќе набави уште еден бојлер од 500 литри, а со време ќе постави дополнителни колектори на својот објект.

Во блиска иднина, ако ги исполни административните услови и склучи соодветен кредитен аранжман со Партнер МКФ, би сакал на пространиот кров на салонот да инсталира соларна фотонапонска електрана за производство на електрична енергија, која би ја користел за свои потреби, а остатокот би го дистрибуирал во мрежата.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници