Понта повикан на распит во предметот за приватизација на романски енергетски комплекс

Од:

Романскиот премиер Виктор Понта денека беше повикан на распит во Националната дирекција за борба со корупцијата (НДБК) во кривичниот предмет за енергетскиот комплекс „Турчени – Ровинари“, во кој е под истрага заради неточни податоци, соучесништво во даночни измами и перење пари, извршени во периодот пред да застане на чело на романската Влада, соопштија романските медиуми.

Премиерот во седиштето на НДБК остана околу 15 минути.

На излегување од зградата тој изјави дека добил копија од ревизорската експертиза, според која платил 2.000 леи повеќе данок, што не планира да го бара од романската држава и притоа прецизира дека ќе се врати да даде докази кога обвинителот тоа ќе го побара од него.

Понта е под истрага во предметот во кој сенаторот социјалдемократ Дан Шова, негов близок соработник, е обвинет дека незаконски заработил 870 000 долари како адвокат во приватизацијата на енергетските комплекси Турчени и Ровинари и дека ги уништил компјутерските фајлови за да ги прикрие своите траги.

Во јуни годинава обвинителите од НДБК соопштија дека романскиот премиер е под истраг за неточно дадени податоци, соучесништво во даночни измами и за перење пари, а овие обвиненија потекнуваат од предметот „Турчени-Ровинари“ и се извршени во периодот кога Понта бил адвокат.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски