Жестоки судири меѓу украинските сили и сепаратистите

Од:

Украинскити вооружени сили и проруските сепаратисти вчера водеа жестоки борби со тешка артилерија во источна Украина и покрај договорот за примирје, кој забранува користење на вакво оружје долж линијата на фронтот, соопшти синоќа Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Како што јави ДПА, набљудувачите на ОБСЕ регистрирале дека во судирите и двете страни во конфликтот користеле тешка артилерија со калибар од 122 и 152 милиметри.

Според заменик-шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ, Александер Хег, со ваквите постапки двете страни го прекршиле Договорот од Минск, бидејќи со неговите одредби се забранува употреба на тешкото оружје и се предвидува негово повлекување од линијата на фронтот.

– Набљудувачите (на ОБСЕ) констаираа пораст на насилството, што доведува до нови цивилни жртви и уништување на куќи и инфраструктура, дополни Хег.

Украинските власти, од своја страна, исто така соопштија дека биле водени „најжестоки судири од склучувањето на Договорот во Минск“ во февруари годинава, при што загинале двајца припадници на Вооружените сили на Украина, а десет други се ранети.

Киев ги обвини проруските сепаратисите дека во последните 24 часа врз позициите на украинските сили истрелале „рекордни“ 153 проектили.

Сепаратистите, пак, ги обвинија украинските сили за напади со тешко оружје врз териториите под нивна контрола во реонот на Доњецк, при што, според нив, има и цивилни жртви.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми