Почнува фестивалот „Балканска колонија на ракотворци“

Од:

Фестивалот „Балканска колонија на ракотворци“ почнува денеска во Битола во рамки на „Битфест“.

На колонијата, која ќе трае до 16 август, ќе создаваат ракотворци и уметници од Скопје, Велес, Прилеп, Куманово и Битола. Нив ќе им се приклучат уметници од Израел, Турција, Австрија, Србија и Босна и Херцеговина, ракотворци од Здружението на телесни инвалиди „Мобилност“ од Битола и од Здружението на слепи лица од Битола.

Низ едукативните сесии и работилници ќе им се приклучат студенти и дипломци од Факултетот за ликовна уметност и студенти со искуство во реставрација и конзервација.

Мастерклас во времетраење од пет дена ќе одржи академскиот уметник, скулптор и специјалист за мозаици Руслан Сергеев од Израел. Тој ќе работи со шест дипломци и студенти од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, предводени од Тони Николовски, виш конзерватор и реставратор.

Како пропратна програма се планира и реализација на трибина за дефинирање на профилот на битолскиот чкембар, за што Рамазан Ајкилич, сликар од Измир прифати да направи скица. Нивните намери се цртежите да прераснат во битолски традиционален сувенир.

Една од вечерите (15 август) ќе биде посветена и на трката на авторот Живко Поповски Цветин за влез во Гинисовата книга на рекорди за 2015 со најдолгата насликана со акрилни бои и цвет, Цветна патека за мир.

Третата по ред Балканска колонија на ракотворци се реализира со поддршка на Министерство за култура, Советот на општина Битола и други донатори поддржувачи и поттикнувачи на ракотворците. Организатор е граѓанското здружение Астерион 5, чија мисија е промоција, едукација, подигнување на етичноста и професионализмот и заштита на ракотворците во пелагонискиот регион.

Би можело да ве интересира

Со концерт на Каролина Гочева вечерва почнува Битолското културно лето

Ана Ололовска

Јавен повик на Општина Битола за културно лето „БитФест 2019“

Ана Ололовска

Викендов завршува битолското културно лето „БитФест“

Ана Ололовска

Незаборавно добро издание на „Незаборав“

Ана Ололовска

Концерт на рускиот вокален ансамбал „Чајка“

Наум Локоски

Бит фест: Фолклорната група „Селенце“ и оркестарот „Фокош“ на плоштадот Магнолија

Ана Ололовска