Украинските власти денеска ги обвинија проруските бунтовници дека кај селото Старохнативка во близина на Маријупол извршиле артилериски напади во последните шест месеци и покрај примирјето.
Бунтовниците ги демантираат нападите тврдејќи дека артилериски напади презеле припадниците на украинската армија.
Украинската армија тврди дека нападите се изведени поради воспоставување на коридорот кон Крим, кој минатата година беше анектиран од Русија и дела Маријупол е под постојана закана од проруските сепаратисти.
Според Договорот од Минск потпишан во февруари, спротиставените страни се обврзаа да го повлечат тешкото вооружување 100 километри од линијата линијата на разграничување. Но, примирјето повеќе пати е прекршено.