Откирена билошка причина за неверството

Од:

Една нова студија открива дека хормоналните реакции би можеле да бидат причина поради која луѓето изневеруваат или се впуштаат во парични и други измами.

Истражувањето, објавено во стручното списание „Џурнал од Експериментал Психолоџи“, имало за цел да ја расветли поврзаноста на биолошките особини со неетичното однесување, базирајќи се на хипотезата дека неверството е „начин за борба против стресот“.

Имено, постои теорија дека телото го зголемува производството на репродуктивниот хормон тестостерон, со цел да ги регулира и избалансира ефектите што ги предизвикува хормонот на стрес – кортизонот.

Научници од универзитетите „Харвард“ и „Тексас“ утврдиле дека покрај тоа што високото ниво на двата хормони ја зголемува веројатноста за неверство, туку и самиот ендокрин систем во такви ситуации ги поттикнува луѓето да се однесуваа лошо.

Значи, ако сте под стрес, се е против вашата искреност.

Самото истражување било многу интересно. На испитаниците им биле дадени математички тестови, по што тие самите морале да кажат колку задачи решиле точно. Но, постоеле една замка. Имено, им било речено дека колку повеќе точни задачи ќе имаат, толку повеќе пари ќе заработа како награда.

Резултатите собрани пред и по решавањето на тестовите покажале дека лицата кои имале зголемено ниво на тестостерон, тврделе дека точно решиле повеќе задачи отколку што тоа навистина го направиле, односно едноствно кажано – лажеле.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска