Во неколку различни судири меѓу турската војска и бунтовниците, животот го загубија девет лица.
Меѓу убиените се шестмина припадници на турските безбедносни сили и тројца курдски бунтовници, соопшти претставник на локалните власти.
Тројца парипадници на специјалните полициски единици и тројца припадници на бунтовничката курдска организација ПКК убиени се при оружен судир во близина на автопатот, во провинцијата Хакари, на границата со Ирак и Иран.
Во друг напад, во провинцијата Битлис, убиени се тројца припадници за заштитните сили на курдско село во судирите со бунтовниците. Селската стража се сили поддржани од властите во селата и градовите во источниот и југоисточниот дел на Турција, каде ПКК е активна.