Секојдневни гестови кои во врската значат повеќе од Те сакам

Од:

Во врска луѓето можат и премногу да се опуштат и тогаш она Те сакам, не е доволно. Пофалете го партнерот, барајте совет или подгответе му го омиленото јадење и покажете колку го цените.

За да опстане врската, самата љубов не е доволна. Секој однос бара многу труд и почитување, а тоа најдобро го докажуваат секојдневните знаци на внимание. Со нив на партнерот покажете дека ви е дојдено до нив, но и до работи кои му се важни и на него.

Посветете му внимание

Кога еден од партнерите постојано е на телефон, другата страна може да помисли – воопшто не сум му важен или важна. Таквото однесување покажува дека партнерот не е вреден за другиот да го тргне погледот од екранот и е знак на непочитување, посебно кога тоа постојано го прави. Во разговор со партнерот треба да му се посвети внимание и да му се покаже дека навистина го слушате. На крајот на краиштата, не сакаме и ние некој така да се однесува со нас.

Подгответе му го омиленото јадење

Љубовта оди преку желудникот е стара поговорка со која се согласуваат и брачните терапевти. Кога на партнерот ќе му го зготвите омиленото јадење, без да го прашате претходно за тоа, ќе му дадете до знаење колку добро го познавате. Паровите кои еден за друг ги знаат и најмалите детали, се најсреќни, потврдуваат многу студии. Тоа докажува дека меѓусебно се слушаат, но и почитуваат.

Дајте му комплименти

Секој сака да добие комплименти, но луѓето во подолги врски или во брак често го забораваат. Влегуваат во рутина и толку се опуштаат што не го гледаат она што на почетокот ги фасцинирало. Поради тоа, повремено на партнерот треба да му се упатат комплименти, да му се даде до знаење дека добро готви, одлично се грижи за вас или е одличен во кревет. Поради тоа тој подобро ќе се чувствува, но му дава и поттик уште повеќе да се труди бидејќи гледа дека неговиот труд се цени.

Одвоете време само за себе

Брзиот начин на живот и стресот оставаат траги во врската. Од сите обврски тешко се наоѓа време за себе. Убавиот гест кон партнерот повремено ќе пружи можност да мисли само на себе. Било да е тоа дружење со пријателите, играње видео игри или патување, со тоа му покажувате дека ги разбирате неговите потреби.

Барајте негов совет

Партнерот е важен дел од вашиот живот, но треба така и да се чувствувате. Најдобар начин за тоа е од него да побарате совет за да го решите проблемот на работа или да и помогнете на пријателката. Со тоа ќе покажете дека го цените неговото мислење и дека за важни ситуации сметате на негова помош.

Заблагодарете му се за мали работи

Било да е тоа изнесување на сметот, миење на чинии, собирање на алишта или пак одење по децата во градинка, секој од нас сака да знае дека она што го правиме се цени. Меѓутоа, често забораваме на тоа, поради тоа пофалете го партнерот кога ќе направи нешто такво. Благодарноста ќе внесе позитивна вибрација во вашиот однос.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска