Во големи поплави во Минајмар досега 46 луѓе ги загубија животите, а спасувачки тимови денеска се фокурани на помош на илјадиници луѓе во западен и централен дел од таа држава.
Монсунските дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиште уништувајќи илјадници куќи, обработливо земјиште, мостови, патишта.
Стотици луѓе во изминатите денови исто така настрадаа во поплави во Индија, Непал, Пакистан и Виетнам.
– Во Мијанмар загинаа 46 луѓе, а повеќе од 200.000 се погодени ширум државата, изјави претставник од Одделението за евакуација. Властите прогласија национална катастрофа во четири подрачја во централен и западен Мијанмар.