Најмалку 900 лица се уапсени во неколкудневната антитерористичка операција спроведена во Турција.
На 24 јули Турција започна антитерористичка операција против борци на екстремистичката организација Исламска држава (ИД), Курдската работничка партија (ПКК) и други терористички организации, кои претставуваат закана за националната безбедност, соопштија турските власти.
Полицијата во Анкара утрово изврши претрес во домовите на наводни членови на ИД, при што се уапсени 15 лица, од кои 11 се странски државјани. Според полицијата, членовите на групата вршеле јавна пропаганда со цел да привлечат млади луѓе во редовите на ИД и нивно испраќање во Сирија.
Истовремено со акцијата, вооружените сили на Турција извршија неколку напади врз позиции на ИД во Сирија и објекти на ПКК во северниот дел на Ирак.