Цел на турската операција не се сириските Курди

Од:

Во турската воена операција во Сирија и во Ирак цел не се Курдите, изјави денеска турски претставник кој побара анонимност, по информацијата дека турски тенкови пукале врз село под контрола на сириските курдски милиции.

– Сегашните операции имаат за цел да ги неутрализираат заканите против турската национална безбедност… Партијата на Курдите во Сирија и другите не се цел на воените операции, истакна неименуваниот извор.

Претходно, Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека турски тенкови синоќа стрелале врз селото Зор Магхар во провинцијата Алепо, на границата со Турција. Селото Зор Магхар е под контрола на сириските Курди.

Турската полиција изутринава изведе неколку рации и приведе 34 лица, под сомнение дека се работи за екстремисти од Исламската држава (ИД) и курдски милитанти, информираат локалните медиуми, потсетувајќи на воздушните удари на турското воено воздухопловство на позициите на ИД и курдските бунтовници во Сирија и Ирак.

Во изминатата недела, турската полиција на домашен терен приведе повеќе од 800 наводни припадници на ИД и на Работничката курдистанка партија (ПКК), а бомбардирањето на курдските логори во Ирак, сериозно го загрози мировниот процес меѓу Анкара и ПКК, пренесува Хина. Во најновата операција, околу 500 полицајци во кварт во Анкара приведоа 15 осомничени припадници на ИД, од кои 11 се странски државјани.

Во операцијата во Аддијаман, на југот на земјата, приведени се 19 лица, за кои постои сомневање дека се поврзани со ПКК.

Би можело да ве интересира

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција