Турската полиција денеска уапси најмалку 15 лица во антитерористичка операција спроведена во Анкара.
Акцијата на турските безбедносни служби е насочена против членови на екстремистичката група Исламска држава (ИД).
Во последните денови турската армија изврши неколку воздушни и артилериски напади врз позиции на ИД во пограничните подрачја со Сирија и уништи објекти на Курдската работничка партија (ПКК) во северниот дел на Ирак.