Во Турција повторно рации, приведени припадници на ИД и на ПКК

Од:

Турските безбедносни сили рано утрово повторно покренаа рација ширум земјата и притоа уапсија осомничени припадници на Исламска држава, како и на забранетата Курдска работничка партија (ПКК), јавија турски медиуми.

Новите рации се спроведени во повеќе турски провинции, вклучувајќи ги градовите Истанбул, Анкара, Коња во централна Турција и Маниса на запад.

Во рациите се уапсени поголем број луѓе, иако точната бројка се уште не е соопштена. Канцеларијата на турскиот премиер Ахмет Давутоглу, меѓутоа, денеска соопшти дека во досегашните операции, спроведени вчера и денеска во 22 провинции, вкупно се приведени 320 луѓе.

Турските власти вчера утро притворија 251 лице во координирани рации извршени ширум земјата против осомничени џихадисти на ИД и курдски милитантни активисти, по бранот напади во земјата.

Би можело да ве интересира

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција