Турската Влада потврди дека турски воени авиони бомбардирале изминатата ноќ цели на бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) во северен Ирак и позиции на џихадистите од Исламска држава во Сирија.
Во коминике на кабинетот на премиерот Ахмет Давутоглу се вели дека во исто време со нападите од воздух се извршени и напади по копно против позиции на ИД во Сирија.