Турција одобри користење на нејзините воздушни бази од коалициските сили предводени од САД за напади од воздух врз Исламска држава, се вели во декларација на турското МНР.
Турските власти соопштија дека и воени авиони на турските ВВС учествуваат во операции против Исламска држава.
Турција очекува соработката меѓу ВВС да ја зголеми безбедноста на луѓето кои живеат во реони во Сирија под контрола на ИД, наведува турското МНР.