Бошњачките пратници ставија вето на референдумот во Република Српска

Од:

Пратениците Бошњаци во Домот на народите на Парламентот на Република Српска денеска ставија вето на одлуката на Народното собрание на овој босански ентитет за одржување на референдум против формирањето на суд и јавно обвинителство на Босна и Херцеовина.

Шефот на Клубот на бошњачките пратеници во горниот дом на Парламентот на Република Српска, Мујо Хаџиомеровиќ изјави дека го искористиле уставното право на вето, сметајќи дека е неприфатливо ентитетите да ги оспоруваат судиските власти на државно ниво.

– Ние ќе ги искористиме сите законски средства за да ја оспориме неприфатливата одлука за референдумот, порача Хаџиомеровиќ.

Како што јави Хина, против одржувањето на реферндумот во своите дискусии се изјаснија и дел од пратениците Хрвати во Домот на народите, но при гласањето тие не го искористија правото на вето. Дел од нив истакнаа дека референдумот им штети на „виталните интереси на хравтскиот народ“, но при гласањето мнозинството пратеници Хрвати се изјаснија како воздржани.

Шефот на Клубот на хрватските пратеници, Жељко Стипиќ изјави дека претставниците на Хрватската партија на правото (ХСП) и на Хрватската демократска заедница 1990 (ХДЗ 1990) биле против одржување на референдумот, но дека пратениците на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) не го делеле тој став.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски