(ВИДЕО) Хелсиншки: Има тајни коалиции меѓу партиите за меѓуетнички инциденти

Од:

Постојат сознанија дека политичките партии се договорат меѓусебно како и кога ќе се зголемуваат или намалуваат меѓуетничките инциденти. Во Македонија најголем број на злосторствата од омраза се на етничка основа – ова се дел од податоците изнесени во годишниот извештај за криминал од омраза во 2014 година на Хелсиншкиот комитет за човекови права, со поддршка на ОБСЕ.

– Во ноември 2014 година речиси исчезнаа меѓуетничките инциденти и тепачки меѓу млади, а кои се случуваа во автобусите и училиштата со мешан етнички состав. Прва возможна причина е зошто наеднаш ги снема овие инциденти, е затоа што МВР ангажираше голем број полициски службеници кои патролираа околу училиштата и се возеа во проблематичните автобуси. Но, за време на локланите избори во 2013 година немаше ниту еден инцидент, а за време на предвремените парламентарни и претседателските избори во 2014, имавме огромен број инциденти. Додека ги набљудуваме политичките собири, многу пати сме виделе активисти на политички партии или луѓе кои се ангажирани од нив. Ние ги набљудуваме протестите и можеме да ги чуеме што зборуваат. И Албанци и Македонци, од двете страни кажуваат, лути на полицијата дека биле уапсени, велат – „кога им требаме, први се да ни се јават да дојдеме, а сега не апсат“. Најчесто се работи за насилни протести.

Во ткн. „бомби“ на опозицијата слушнавме дека претседателот на Собрание се јавува кај министерката за внатрешни работи и бара да се ослободат од притвор дел од луѓето кои биле вмешани во насилни протести. Исто така слушнавме во тнр. “бомби“ дека за време на локалните избори, постоела еден вид на тајна коалиција помеѓу опозиционата албанска партија и владејачката македонска партија и во тој период немаме ниту еден инцидент на етничка основа.

Сето ова отвора сомнежи дека политичките партии влијаат на инцидентите, особено кога тие се случуваат поради етничката припадност, рече Воислав Стојановски, презентирајќи го извештајот за злосторства од одмазда на Хелсиншки за 2014 година.

Во Македонија не постои институција која ги регистрира инцидентите и делата сторени од омраза и Македонија е единствената земја во регионот во која нема такво тело. Најголем на делата сторени од омраза се на етничка основа, а на второ место е политичката определност.

– Државата се уште не покажува волја да се справи со нападите од омраза. Ние за сите случаи на нападнати новинари и активисти имаме доставено дописи и досега МВР нема одговорено со релевантни информации. Хелсиншки комитет има доставено над 70 барања до сите судови во државата и досега се донесени само 5 пресуди за кривични дела од омраза. Судовите не ги препознаваат и не ги процесуираат овие дела, рече Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншки комитет за човекови права.

Хелсиншки го осуди и соопштението на партијата ВМРО ДПМНЕ, кое се однесуваше на нападот од страна на вицепремиерот Пешевски врз новинарот Саше Ивановски.

– Сметаме дека токму ваквите соопштенија од владејачката партија ги охрабруваат сите оние кои чувствуваат омраза против сите оние што имаат различно политичко уверување или се критички настоени кон власта, рече Пировска.

Целиот извештај на Хелсиншкиот комитет за човекови права може да се прочита на страницата на комитетот. Освен со презентацијата на извештајот, Хелсиншки комитет го одбележува денешниот „Европски ден на жртвите од криминал од омраза“ и со настанот „Турлитава 2 – Заедно е послатко“, кој ќе се одржи вечерва во 20 часот, во Паркот на Франкофонијата.

Настан посветен на соживотот и толеранцијата, дегустација на вкусни традиционални специјалитети застапени во различните етнички кујни во Македонија (македонска, албанска, турска, ромска, српска, бошњачка и други) и проекција на кратките филмови „Ќор-сокак“ на Брам Шоу и „Опасни игри“ на Марина Абрамовиќ.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска