Ограбени три цркви во Гостиварско

Од:

Три цркви во гостиварските села Церово, Ново Село и Сушица во текот на изминатата недела биле ограбени од непознат сторител. Грабежите вчера се пријавени во Полициската станица во Гостивар.

Во првиот случај е пријавено дека во временскиот период од 12. до 18 јули годинава во селото Церово непознат сторител со употреба на подесен предмет насилно ја отворил вратата од црквата „Св. Никола“ и одзел 600 денари по што го напуштил местото на настанот.

Во период, пак,  од 16. до 18 јули годинава  непознат сторител со употреба на подесен предмет насилно ја отворил вратата од црквата „Св. Јован“ во селото Ново Село од каде одзел 400 денари по што го напуштил местото на настанот.

Во гостиварското село Сушица во периодот од 13. до 18 јули годинава непознат сторител со употреба на физичка сила насилно ја отворил вратата од црквата „Св. Никола“ и одзел 5.000 денари и 100 грама злато во вид на букви по што го напуштил местото на настанот.

Од МВР информираат дека се превземаат мерки за расчистување на случаите.

Би можело да ве интересира

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи