Дали е можна коалиција со исламистите?

Од:

Хуриет – Истанбул

Политичкиот консензус за да се поврати демократијата е единственото решение за разнебитената политика во Турција, но секој ден се оддалечуваме од каква било можност за коалиција која се стреми кон консензус. И претходно ги спомнав тешкотиите на таквата изградба на консензус, како што е недостиг на доверба помеѓу политичките партии.

Загриженоста на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со обвинувањата за корупција и влијанието на историските културолошки војни меѓу републиканците и конзервативците. И покрај тоа се чини дека друга голема пречка е двосмисленоста за исламизмот на Партијата на правдата и развојот (АКП).

АКП беше основана како десноцентристичка партија која го осудуваше исламизмот, а себе си се дефинираше како „конзервативно демократска“, но со текот на времето ваквата самодефиниција се смени. Откако АКП стави контрола врз скоро сиот политички систем и државниот апарат, владеечката партија се повеќе беше осудувана заради исламизмот.

Покрај тоа, тие почнаа да изразуваат се повеќе волја да ја претставуваат својата политика низ исламстички дискурс, потенцирајќи дека АКП е единствениот легитимен претставник на „муслиманската нација“ и лидер на глобалниот умет (исламски поредок).

И покрај изборните резултати кои го покажаа одбивањето на електоратот на идејата за „партиско владеење во исламска држава“, изгледа дека Ердоган и неговата партија се уште одбиваат да ја прифатат таа порака. Медиумите поддржувачи на АКП се исполнети со текстови од лидерите на партијата дека се подготвува коалиција: бидејќи многу нови пратеници на АКП се исто така и колумнисти во медиумите на АКП, нивните медиуми во основа ги рефлектираат ставовите на АКП.

Еден од нив е и пронаоѓачот на терминот „револуција 2002“ (Таха Узхан во дневниот весник „Ѕвезда“). Па затоа што е „револуционерно“, не изненадува тој да биде против идејата за коалиција!

Но, за несреќа, тој не е осамен во неговиот револуционерен дискурс; и многу други одбиваат да ја споредат АКП со која било друга политичка партија заради својата посебна борба против „стариот режим“. Покрај нив, некои големи мислители во АКП, како теологот Хајретин Караман, се уште воглавно пишуваат против „демократскиот систем“, а камо ли за консензус или за создавање на коалиција. Друг пак ја одбива „идејата за компромис, затоа што тоа значи предавство на борбата“. (Атасој Муфтуоглу, објавено на 6 јули во „Јени Шафак“).

По се, изгледа дека основното прашање не се можностите и тешкотиите за коалиција со АКП или за дебатата за коалиција во принцип, туку дали е воопшто можна коалиција со исламизмот. Ако политичката кауза на владејачката партија е да се бори за да се смени политичкиот систем во целина и да се изгради „држава на муслимани“, како што го наведува тоа нивниот главен теолог или со други зборови „Исламска држава“, тогаш нема потреба да се елаборираат можностите за коалициска влада.

Никогаш не сум бил против слободата на говорот на исламистите; напротив, веќе со години го бранев нивното право на говор. Но, проблемот со исламистите отсекогаш беше нивната хипокризија или поточно нивната нечесност за нивните политички намери и нивната злоупотреба на демократските средства да изградат недемократска власт. Овој проблем не е предмет на дискусии само во Турција, туку и во муслиманските земји насекаде, а сега станува и глобално прашање.

И покрај тоа, изгледа дека ни требаат повеќе дебати по секоја прилика на покажување на исламистичката хипокризија, како што беше тоа неодамнешниот случај со турските исламисти. Всушност, тоа не беше само негирање на слободата на говорот од секуларните режими, туку и одбивање на исламистите да водат чесна дебата за исламската држава и за политиките кои беа една од главните причини за нивната голема хипокризија.

Демократите како мене, споделуваат некои одговорности затоа што ги игнорираме последните факти и само се фокусираме на ограничувањата за слободата на говорот. Всушност, погрешно поставената емпатија понекогаш им штети на оние кои се предмет на таа емпатија, затоа што им дава изговор да ги изземат контрадикторностите во нивната идеологија.

Всушнст, излегува дека тоа е случај и со исламизмот, затоа што никогаш не се замарале да ги елаборираат исламистичките политики и демократијата и завршуваат со конфузни мисли, одбивност и незадоволство во име на исламистичките политики.

Време е да ја обновиме оваа стара и никогаш незавршена дебата и да дискутираме за основните прашања на демократската и исламистичката политика, кои уште еднаш станаа најважни во нашите политички проблеми. Инаку, не само што ќе се муабети само за коалиција, туку и за сета политика која ќе се покаже дека е погрешна.

Би можело да ве интересира

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција