Турскиот премиер Ахмет Давутоглу во обраќање пред членови на неговата исламско-конзервативна Партија на правдата и развојот (АКП) по повод празникот Рамазан Бајрам, порача дека „ќе ги врати редот и правдата“ на Османлиската Империја, објави денеска интернет изданието на весникот „Хуриет Дејли Њуз“.
– Со божја волја ќе ги вратиме редот и правдата на Османлиите во денешниот и утрешниот ден, изјави Давутоглу.
Според весникот, ваквата изјава на Давутоглу уследила откако група членови на партијата присутни на собирот почнале да извикуваат: „Оџа Ахмет одведи не во османлиските времиња“, додека тој зборувал за политичките перспективи на Турција по парламентарните иззбори минатиот месец, на кои АКП го загуби мнозинството во Парламентот.
Во Турција во тек се преговри меѓу парламентарните партии за формирање нов влада.