Турција доби судски спор против Грција која ќе треба да и исплати сто милиони долари отштета

Од:

Турција доби арбитражен судски спор против Грција, која беше осудена да и исплати сто милиони долари отшета. Тоа го соопшти турскиот министер за енергетика и природни ресурси Танер Јилдаз, јави БТА.

Турција пред четири години покрена процес во меѓународниот арбитражен суд со барање за отштета, поради тоа по вина на грчката страна бил прекинат енергетски договор меѓу турската енергетска компанија Боташ и грчката Депа.

– Знаеме дека Грција е во тешка финансиска состојба. Би сакале да и помогнеме на Грција во овој тежок момент, но интересите на нашата страна и на компанијата Боташ за нас се над се, изјави турскиот министер Танер Јилдаз.

Турски извори коментираат дека на Грција ќе и биде тешко дури и невозможно да ја исплати таа сума.

Би можело да ве интересира

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција